Белешки за сертификатот за живот за 2026 година

Секоја година добивате образец за потврда за живот заедно со информации за ускалдување на пензиите доколку сте лице со право на пензија од германско осигурување

  • живеете во странство

  • живеете во Германија и имате банкарска сметка во странство

Овие дописи се израбтуваат и испраќат машински во перидот јуни/јули 2026.

Дополнително ќе се нуди и дигиталната потврда за живот. Доколку го користите овој образец и успешно сте го пополниле, повеќе не треба да го поднесувате образецот за потврда за живот по пошта! Сите потребни документи (вклучувајќи го и писмото за дигиталната потврда за живот) се вклучени во известувањето за прилагодување на пензијата.

Ако примате повеќе од една пензија, можеби ќе треба да испратите повеќе од една потврда за живот. Во овој случај, ќе ви бидат испратени неколку формулари со различни броеви за поштенско порамнување и поштенски пензиски броеви за животните сертификати за 2026 година или Дигитален доказ за живот (DLN) 2026 со вашето известување за прилагодување на пензијата.

Ве молиме да ги приложете сите потребни потврди за живот. Притоа можете

  • да ги пополнете сите формулари за потврдите за живот од 2026 година, потврдете ја кај овласте орган и оргиналот пратете ни го назад по пошта

или

  • за секоја пензија да ја доставите дигитална потврда за живот за 2026

Внимание! Враќањето на хартиеното потврдата за живот преку е-пошта или факс не е дозволено.

Ако сте добиле известување за прилагодување на пензија без формулар Life Certificate 2026 и без писмо за Digital Proof of Life (DLN) 2026 , животен сертификат не е потребен оваа година. Во тој случај не треба ништо повеќе да правите.

Напомена:

Технички сме поврзани со следните земји, така што генерално може да се издава потврда за живот: Австраилија, Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Франција, Грција, Израел, Италија, Хрватска, Луксембург, Холандија, Австрија, Полска, Шведска, Швајцарија, Словенија, Шпанија, Унгарија и Обединетото Кралство. Во одредени случаи сеуште може да биде потребна потврдата за живот. Во овој случај, ќе ги добиете сите потребни документи заедно со известувањето за усогласување на пензијата.

a) Потврдата за живот ја добивате преку пошта

Ве молиме самите да ја потпишете потврдата за живот во делот А2 и истото да биде заверено од официјален орган во делот B.

Заверката се признава од следните овластени органи:

  • сите власти, како што се: полицијата, градските администрации (канцеларии за регистрација на населението, канцелариите на градоначалникот)

  • германски претставништва во странство (амбасади, конзулати)

  • финансиски иституции

  • фондовите за здравсвтено осигурување

  • болници

  • нотари

  • парохиски канцеларии

  • поликлиники

  • рабини

  • институциите за пензиско осигурување

  • црвен крст

  • покрај тоа, има и места специфични за некои земји кои се дополнително овластени и може да се најдат на нив www.rentenservice.de/LB/FAQ

Ве молиме проверете ги и информациите во делот А1. Таму ќе ги најдете вашите лични податоци. Ако овие се уште важечки, не треба да правите ништо друго во овој дел. Ако тие повеќе не се применуваат, ве молиме да ни ги дадете точните информации во даденото поле.

Потоа испратете ја потврдата за живот во оргинал во плико на следната адреса (користете го приложениот плик за да го вратите известувањето за усогласување на пензијата):

Deutsche Post AG

Niederlassung Renten Service

04078 Leipzig

Германија

Потврдена потврда за живот е предуслов за понатамошна исплата на вашата германска пензија. Ќе го паузираме плаќањето ако не го добиеме формуларот навреме до 25.09.2026.

b) Нема да добиете известување за прилагодување на пензијата до крајот на јули 2026 година

Ако не сте го добиле известувањето за прилагодување на пензијата до 31 јули 2026 година, ве молиме контактирајте ја Пензиската служба (точните контакт информации се наоѓаат на крајот од оваа информација) или вашата одговорна пензиска осигурителна институција и прашајте дали оваа година е потребен животен сертификат. Доколку добиете потврда дека е потребена потврда за живот за таа година, ќе го најдете соодветниот формулар на нашата веб-страница: www.rentenservice.de/LB/Formblatt

Ве молиме да ја потполните потврдата за живот, да ја потпишете своерачно и да ја однесете на заверка кај овластен државен орган.

Заверката се признава од следните овластени органи:

  • сите власти, како што се: полицијата, градските администрации (канцеларии за регистрација на населението, канцелариите на градоначалникот)

  • германски претставништва во странство (амбасади, конзулати)

  • финансиски иституции

  • фондовите за здравсвтено осигурување

  • болници

  • нотари

  • парохиски канцеларии

  • поликлиники

  • рабини

  • институциите за пензиско осигурување

  • црвен крст

  • покрај тоа, има и места специфични за некои земји кои се дополнително овластени и може да се најдат на нив www.rentenservice.de/LB/FAQ

Потоа испратете ја потврдата за живот оргинал во плико на следната адреса:

Deutsche Post AG

Niederlassung Renten Service

04078 Leipzig

Германија

Потврдена потврда за живот е предуслов за понатамошна исплата на вашата германска пензија. Повеќе нема да можеме да ја исплатиме уплатата на крајот од октомври и затоа ќе престанеме ако не го добиеме формуларот навреме до 25.09.2026.

c) Лицето со право на пензија не може да пишува / не е писмено

Во случајот кога лицето со право на пензија не може да пишува / не е писмено, потребно е да ја приложи соодветната потврда за живот во делот С1.

d) Лицето кое има право на пензија не може лично да се јави во овластена канцеларија

Во случај лицето кое има право на пензија не може лично да се појави пред овластен надлежниот орган за верификација, треба да се приложат соодветни докази кон потврда за живот во дел C1. Дополнително, лицето кое се појавило пред овластен органот за верификација мора да биде наведено во делот C2.

e) Лицето кое има право на пензија е починато

Жал ни е што тагувате за смртта на некој близок и не сакаме да ви предизвикаме повеќе проблеми отколку што е потребно.

Ако вие или погребалното претпријатие веќе сте нè известиле за смртта на лицето кое има право на пензија, тогаш вашето известување и испраќањето на известувањето за усогласување, вклучително и барањето за годишен доказ за живот, се потврдуваат. Не треба ништо повеќе да правите. Во спротивно, користете го „Известувањето за промена на потврда за живот“ или пополнете го делот D „Известување во случај на смрт на лицето со право на пензија“ и вратете ни ја потпополнета на:

За пензионери кои живеат во Германија

Deutsche Post AG

Niederlassung Renten Service

13497 Берлин

За пензионери кои не живеат во Германија

Deutsche Post AG

Niederlassung Renten Service

13496 Берлин

Формуларот може да се најде тука: Известување за промени