Напомена за Потврда за живот 2022

Внимание! Потврдата за живот повторно е потребна во 2022 година.

Ако имате право на германска пензија и живеете во странство, секоја година добивате потврда за живот, која се праќа од јуни месец. Ова потврда треба да ја потпишете, потоа да биде потврдена од надлежен орган и оргиналната верзија испратете ја назад на адреса Deutsche Post AG Renten Service.

Напомена: Доколку живеете во земја во која е спроведено електронско ускладување, нема да добивате редовно потврда за живот.

Овде станува збор за следните земји: Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Франција, Израел, Италија, Луксембург, Холандија, Австрија, Полска, Шведска, Швајцарија, Шпанија, Унгарија и Обединетото Кралство.

Доколки сте добиле известување за прилагодување на пензија без образецот Потврда за живот, тоа значи дека потврдата за живот не е потребна за таа година. Во тој случај не треба ништо повеќе да правите.

a) Имате добиено потврда за живот по пошта

Доколку го имате добиено образецот потврда за живот по пошта, проверете ги наводите во делот А. Овде се наоѓаат сите информации кои ги имаме за вас. Ако информациите се точни, ве молиме потпишете ги своерачно. Потврдата за живот во делот А и после потврдувањето од стана на соодветнот државен орган (дел Б) испратет ги на адреса Deutsche Post AG, Niederlassung Renten Service, 04078 Leipzig. Детални податоци за контакт можете да најдете на крајот на ова информација.

Ве молиме Потврдата за живот да ја испратите најдоцна до 14 октомври 2022 година на адресата на Renten Service.

b) Потврдата за живот не ви е испратена до средината на aвгуст 2022

Доколку не сте добиле известување за ускладување на пензијата и образец за потврда за живот до половината на aвгуст 2022, потврдата за живот можете и сами да ја превземете од центарот за превземање на интернет страницата на пензискиот фонд. Овде можете да го пронајдете својот образец.

Ве молиме да ја потполните потврдата за живот, да ја потпишете своерачно и да ја однесете на заверка кај соодветен државен орган. Испратете ја потврдата за живот на адресата Deutsche Post AG, Niederlassung Renten Service, 04078 Leipzig. Детални податоци можете да најдете на крајот на оваа информација.

Ако не ја добиеме на време Вашата потврда за живот најдоцна до 14 октомври 2022 година, тогаш исплатата на Вашата пензија ќе биде запрена!

c) Личноста која го исполнува правото на пензија не е во состојба сама да ја потполни и потпише потврдата за живот.

Доколку личноста која има право на пензија, ја изгуби способноста за пишување, не е во состојба сама да ја потполни потврдата за живот, со потврдата за живот мора да се приложи потврда и за тоа.

Доколку личноста која има право на пензија не е во состојба од здравствени причини сама да ја потполни потврдата за живот, во делот Б треба да се наведе особа која потврдата за живот ја донела за заверка кај државен орган. Доказ кој одговара (нпр. лекарско оправдување) мора да биде приложи со потврдата за живот.

d) Доколку личноста која има право на пензија починала

Ве молиме, што е можно побрзо да го испратите датумот на смрта на пензискиот сервис.

Доколку сте во можност тоа да го направите, ве молиме да користете известување за промена на пензиски сервис.

Контакт:

Deutsche Post AG
Niederlassung Renten Service
04078 Leipzig
Германија

Телефон: +49 (0)221 5692-777
Факс: +49 (0)69 6530 1510 865
Е-пошта:
LB2022@deutschepost.de