Информации во врска со потврдата за живот 2020.

Доколку живеете во странство и имате право на пензија од германското пензиско осигурување, тогаш веројатно сте запознаени со годишната Потврда за живот која ја добивате во јуни/јули, а потоа потпишаните оригинални потврди кои се заверени и од страна на државните органи ги праќате назад во пензискиот сервис Deutsche Post AG.

Напомена: Доколку живеете во земја со која усогласувањето се спроведува по електронски пат, во тој случај не добивате Потврда за живот редовно.

Станува збор за следните земји: Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Израел, Италија, Хрватска, Луксембург, Холандија, Австрија, Полска, Шведска, Швајцарија и Шпанија

Доколки сте добиле известување за прилагодување на пензија без образецот Потврда за живот, тоа значи дека потврдата за живот не е потребна за таа година. Во тој случај не треба ништо повеќе да правите.

Со оглед на ситуацијата поради корона вирусот, во светот е многу ограничена слободата на движење, како на поединците, така и во случајот на посетување државни органи, банки и останати места. Поради тоа што е ограничена и можноста за добивање Потврда за живот, германските носители на осигурување и Deutsche Post AG, Пензиски сервис, договорија поедноставување во врска со Потврдата за живот за 2020 година:

a) Потврдата за живот Ви стигнала по пошта

Доколку образецот за Потврда за живот сте го добиле по пошта, проверете ги насоките во делот А. Тука ќе ги пронајдете сите информации кои ни се познати за Вас. Доколку овие информации се точни, Ве молиме своерачно да ја потпишете Потврдата за живот и да ја испратите назад на адресата Deutsche Post AG, Niederlassung Renten Service, 04078 Leipzig. Детални информации за контакт ќе најдете на крајот на ова известување.

Ве молиме да се потрудите Потврдата за живот да ја испратите најдоцна до средината на октомври 2020-та година на адресата на пензискиот сервис.

b) Не сте добиле потврда за живот до средината на август 2020-та година

Доколку не добиете образец за Потврда за живот до средината на август 2020-та година, тогаш можете и сами да ја преземете во Центарот за преземање на пензискиот сервис. Тука можете да го пронајдете Вашиот образец.

Ве молиме да ја пополните Потврдата за живот и своерачно да ја потпишете. Потврдата за живот испратете ја назад на адреса Deutsche Post AG, Niederlassung Renten Service, 04078 Leipzig. Детални информации за контакт ќе најдете на крајот на ова известување.

Ве молиме да се потрудите Потврдата за живот да ја испратите најдоцна до средината на октомври 2020-та година на адресата на пензискиот сервис.

c) Пензионери кои не се во состојба сами да пополнат и потпишат Потврда за живот

Кога лицето кое прима пензија во моментот не е во состојба само да ја пополни Потврдата за живот, тогаш образецот може да го пополни и потпише член на семејството или овластено лице.

Во тој случај го молиме лицето кое ги внесува податоците за носителот на право на пензија и кое во својство на застапник ја потпишува Потврдата за живот да наведе и свои лични податоци (име и презиме, адреса, евентуално и други податоци за контакт).

Доколку носителот на правото на пензија починал, Ве молиме што е можно побрзо да ни го испратите датумот на смрт. Ако сте во можност, Ве молиме да го користите образецот на пензискиот сервис за известување за промени.

Контакт:

Deutsche Post AG
Niederlassung Renten Service
04078 Leipzig
Германија

Телефон: +49 (0)221 5692-777
Факс: +49 (0)69 65301510-865
Е-пошта:
LB2020RentS.Leipzig@deutschepost.de